АП (САД) – Според листата на Форбс, американскиот рапер Шон Комбс е носител на листата на 100 највисокоплатени личности.
Списанието објави дека раперот познат како Пи Диди заработил 130 милиони долари во периодот од 1 јуни 2016 година до 1 јуни 2017 година.
На второто место на листата е Бијонсе со 105 милиони долари заработувачка.
Авторот на Хари Потер, Ј.К. Роулинг, е трет со 95 милиони долари заработувачка, а следуваат раперот Дрејк и португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, кои ја заокружуваат првата петорка на најплатени ѕвезди.
Минатогодишниот главен носител на оваа листа, Тејлор Свифт, падна на 49. место. Пејачката однесе само 44 милиони долари, односно имаше намалување за 170 милиони долари.