Путин како секси Супермен

На изложбата „Суперпутин“, која е посветена на рускиот претседател Владимир Путин, посетителите ќе имаат можност да видат слики и скулптури од актуелниот претседател на Русија на кои е прикажан како Супермен, потоа како јава коњ, мечка и како е љубител на животните, а на едно од делата е прикажан и како Дедо Мраз.
Во големата сала на музејот, сместен во просторот на некогашната фабрика во средиштето на главниот руски град, посетителите ќе може да уживаат во сликите и скулптурите што го прикажуваат нивниот претседател како нежно ги милува животните, го подига руското знаме, бестрашно јава мечка, покажува натчовечка сила во текот на средбата со успиениот тигар, на Арктикот се дружи со поларни мечки или како храбро пука од минофрлач.

 

„Секоја изложена слика или скулптура истакнува некој од квалитетите и вредностите на нашиот претседател“, изјави Јулија Жујева, организаторка на изложбата, настан што ќе биде отворен до 15 јануари, а на кој ќе бидат изложени 30 слики и скулптури што ги изработиле млади руски уметници.

„Секој млад уметник го претставил Путин во некој позитивен аспект. Секој од нив го сака, почитува и го поддржува. Путин е прикажан во ликот на некој суперјунак затоа што е наш суперпретседател и суперводач“, изјави 22-годишната Жујева.

По Москва, изложбата треба да биде претставена во Берлин, а потоа и во Лондон.

Дали ова ќе ги победи сите претходни екстремни изданија на Путин?

 

 

Scroll to Top