Шабан има три деца, а во искрен разговор со новинарите откри дека има голема желба да го ожени својот син Михаил и, конечно,да добијат уште една принова во фамилијата.
„Михајло веќе има 32 години, едвај чекам да се ожени и да добиеме принова. Уште повеќе да се забавуваме и да славиме. Тешко е денеска да се најде вистинската. Тој е одлично момче, нема веројатно да згреши во изборот. Па сега, што му даде Господ. Јас нема да се мешам во неговиот избор, како што никој не се мешаше во мојот. Тој е интелектуалец, сто проценти бистар, паметен, дружељубив, има друштво и добра екипа момци и пријатели, но нешто не оди кај заљубувањето. Му велам: ‘Аман, не си веќе дете, 32 години, ти си веќе човек во средни години’“, вели Шабан.
Пејачот вели дека Михајло ретко се појавува на неговите снимања и дека секогаш барал изговор да го избегне тоа. Што се однесува до пејачките, неговиот син се чини не е заинтересиран за нив.
„Тој нема интерес за моите помлади колешки. Не ни доаѓаше на моите снимања за ‘Гранд’ и ‘Пинк’, особено за емисијата во која беше жирирањето. Никогаш не се појави ниту имаше желба да каже: ‘Знаеш, тато, тука секогаш нешто се случува, може ли да видам?’ Никогаш. Секогаш имаше изговор да отиде со некое свое друштво. Можеби не е заинтересиран за пејачките“, вели Шабан.
Шабан вели дека ако неговата ќерка Илда сака тој да ѝ биде автор на сите нејзини песни на новиот албум, со задоволство ќе работи на тој проект.
„Ќе одбере некоја песна која веќе по малку е заборавена. Таа има увид во сите мои песни, па кога нешто ќе ѝ се допадне, може да го земе. Веќе сними некои мои песни. Но, здравје Боже, ако изрази желба да ѝ бидам автор на цел проект, тоа за мене е наредба“, со насмевка вели Шаулиќ.
Погледнете го на следниот линк целиот разговор: