Зад главата на Абрахам Линколн се наоѓа тајна просторија

Маунт Рашмор е монументален гранитен споменик кој го креирал Гутон Борглум, а се состои  од 18-метарски скулптури на главите на поранешните претседатели на САД. Се наоѓа блиску до Кистоун во Јужна Дакота, а опфаќа површина од 5,17 квадратни километри.

Од лево кон десно на неа сe прикажани Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.

Изгледа величествено, но само ретките знаат дека споменикот крие голема тајна.

Имено, зад главата на Абрахам Линколн се наоѓа тајна соба, која Борглум очигледно внимателно и плански ја испланирал.

Иако, првично имал намера да направи голема слика која ќе ги прикажува историските моменти на САД, поради разни ограничувања сфатил дека е најдобро да направи само глави на претседателите.

Сепак, владата на САД му дозволила и работа на посебен проект – креирање тајна соба.

 

Scroll to Top