„У2“ е првиот бенд чиј албум се искачил на првото место на топ-листата на „Билборд“ четири децении едноподруго.
Со ова бендот ја тргна Тејлор Свифт од врвот со својот нов албум „Песни за искуството“. Само две групи може да се пофалат со повеќе прворангирани албуми: „Битлс“ со 19 и „Ролинг стоунс“ со девет албуми.
Но, легендарните членови на „У2“ се први на кои ова им успеало четири децении по ред, и тоа во 80-тите тие имаа два албума на првото место почнувајќи со „Дрвото Џошуа“ во 1987 година, три во 90-тите и уште два во првата деценија од новиот век.
Покрај „У2“, во последните четири децении албум на првото место имаа и Брус Спрингстин, Џенет Џексон и Барбара Стрејсенд, која го држи рекордот со пласман на првото место шест децении во низа.