Порноактерката Јуризан Белтран, позната како Јури Лов, е пронајдена мртва во својот стан. Според светските медиуми, таа починала од предозирање. Ова е втора порноактерка, по Аугуст Амес, која е пронајдена мртва за само десетина дена.
Јури, која во моментот била под договор со Порнстар, снимала за голем број познати порнографски куќи.
„Целата ‘Порнстар Платинум’ екипа е потресена со губењето на уште една од своите членки. Јури е пронајдена мртва во 31. година. Кон мене секогаш беше љубезна и на сите ќе ни недостасува“, изјавил претставник на Порнстар.
Јури Лав е 13 години во порноиндустријата. Таа ја започнала кариерата кога се појавила на насловната страница на магазинот „Лаврајдер“, а се сликала и за „Пентхаус“.