Актерката Меган Фокс секогаш воодушевувала со совршената линија. За да го одржува телото вито и за брзо да се врати во форма, признала дека по раѓањето на децата држела диета. Нејзин избор била Палаео диетата, која е на база на протеини.
„Морав строго да водам сметка за исхраната. Речиси јадев само протеини со многу малку јагленохидрати и шеќери“, рекла актерката.
Диетата пропишува внесување на протетини, добри масти, свежо овошје и зеленчук, а се избегнуваат сувомеснати производи, шеќер, сол, производи од жито (леб, пченка, пченица, ориз, тестенини), зрнест зеленчук, млечни производи, квасец, кафе и алкохол.
Компирот, сојата и пченката се строго забранети додека се држи оваа диета.