Возилото кое попладнево заврши во водите на реката Вардар е во сопственост на актерката Весна Петрушевска.
Попладнево во централното подрачје на Скопје меѓу Камениот мост и Мостот око можеше да се заблежи паднат автомобил, а пожарникарите се обидуваа да го извлечат истото од водата.
Од тоа што можевме да го дознаеме е дека Весна Петрушевска жолтиот автомобил го имала паркирано покрај кејот на реката затоа што не успеала да пронајде адекватно место за паркинг.
Во изјавата за медиумите, таа се сомнева дека станува збор за обид за кражба затоа што не верува дека истото самото можело да заврши во реката Вардар.