Папата Фрањо го прослави 81. роденден во Ватикан. На забавата му дојдоа многу деца, но наместо со торта, тој ги почести со пица.
„Изедете ја целата пица, таа ќе ви помогне да пораснете“, им рекол папата на своите гости.
Во чест на роденденот на папата, беше направена три метри долга пица, а тој дуваше во само една свеќичка.
„Ви благодарам на сите“, реколк папата, откако илјадници деца му ја отпеаја роденденската песна на плоштадот Свети Петар.