Сеедно дали новогодишната ноќ ќе ја славите дома со друштво, во кафуле или некаде на журка, убаво е да се дотерате. Ако сè уште не знаете како, еве некои модни совети кои може да ви помогнат. Најголеми трендови оваа сезона се кадифето и светкавите материјали, па можете да се решите за нешто од ова.
Ако се одлучите за кадифе, најпопуларни се празничните нијанси на црвено и зелено, но може да изберете нијанса што вам најдобро ви прилега. Фустаните со спуштени рамена и отворен грб се супeр комбинација. За поголем впечаток, изберете фустан од светкав материјал, со кој сигурно ќе привлечете внимание.
Кожените парчиња секогаш се во тренд. Можете да се решите за коженo здолниште во комбинација со интересна блуза, кожени пантолани, кои убаво изгледаат со секаква блуза, или, едноставно, црн кожен фустан, со кој нема да згрешите.