Актерот Џејсон Мамоа наскоро ќе го промовира новиот филм „Аквамен“. Насловниот лик од филмот веќе го претстави во филмот „Лига на правдата“ и предизвика многу воздишки кај женската публика. Актерот кој пред цели седум години го играше ликот на Кал Дрого во хит-серијата „Игра на тронови“, на почетокот на кариерата глумеше спасител во серијата „Чувари на плажата“.
Американските медиуми неодамна објавија слики од Џејсон Мамоа од 1999 и 2000 година кога стана миленик на публиката со улогата на Џејсон во серијата „Чувари на плажата“.