Ник Вујиќ доби близнаци

Ник Вујичиќ, еден од најпознатите светски мотивациони говорници, на својот фејсбук-профил објави фотографија дека добил близначиња. Од 2012 година Ник е во брак со Канае Мијахра. Двојката во 2013 година го доби синот Кијоши Џејмс, а две години подоцна и Дејан Леви. Канае неодамна ги родила девојчињата Оливија Меј и Ели Лаурел.

Ник е роден во 1982 година во Бризбен со ретко тетра-амелија нарушување. Тој нема раце, а наместо нозе има мали стапала. Тој е еден од првите лица со инвалидитет кој е интегриран во формална училишна установа. Во младоста се борел со предрасуди и депресија, но поради љубовта од родителите ги отфрлил сите самоубиствени намери. Тој учествува во бројни хуманитарни акции и собира средства за програми кои им помагаат на луѓето со инвалидитет. Држи предавања ширум светот со кои ги мотивира луѓето.

Scroll to Top