Филмот со Вил Смит „Bright“ е најлошиот филм за 2017

 

Netflix досега беше дом на многу хитови, и публиката ги знаеше како единствената филмска и ТВ компанија која немаше промашување, било да е тоа филм или серија. Но, како и за секое големо филмско студио или телевизиска куќа, мораше да се случи некогаш да промашат.

Новиот филм „Bright“, во кој главната улога ја толкува Вил Смит, за кој студиото потроши 90 милиони долари,  беше првиот ваков случај кај Netflix.

Филмот го режираше Дејвид Ејр, кој е познат по неговите филмови „End of Watch“, „Fury“ и „Suicide Squad“.

За него, критичарите не штедеа лоши зборови, и го осудуваа не само филмот како производ, туку и неговото потенцијално влијание на филмската индустрија.

„’Bright’ не само што е најлошиот филм за 2017 година, туку би можел дури да биде одговорен за некои од најлошите филмови во 2018 и понатаму“, напиша еден од професионалните критичари на Rotten Tomatoes.

Scroll to Top