„Три песни од Сараево”, нов албум на Горан Бреговиќ

Од денес на просторот на поранешна Југославија може да се најде новиот албум на Горан Бреговиќ, „Три песни од Сараево“. Овој албум ја доживеа светската промоција во октомври. Песните се инспирирани од трите религии – христијанството, исламот, јудаизмот и разните начини на кои виолината се свири во секоја од овие култури. Името, пак, на албумот е дополнето со Сараево, родниот град на Бреговиќ.

На албумот има 11 песни, на кои Бреговиќ соработува со уметници од неколку земји, меѓу кои и светски познатите Рашид Таа од Алжир, Асаф Авидан од Израел и Бебе од Шпанија.

Овој албум е најдобропродаваното цеде на територијата на САД во рамките во категоријата светска музика.

 

Scroll to Top