Синот на Бекамови, Бруклин, и актерката Клои Морец се запознаа пред многу години. Во врска се од 2014 година, минатата зима раскинаа, но сега се повторно заедно. Неодамна на својот инстаграм-профил 20-годишната актерка објави фотографија на која двајцата носат исти прстени и британските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат дека се свршени.
Според „Дејли мејл“, прстените се златни и на нив се изгравирани нивните имиња. Ниту Бруклин ниту Клои, а ни Бекамови не ја потврдуваат, но не ја ни демантираат веста.