Љубовен хороскоп за јануари 2018

Што ни носат ѕвездите во првиот месец од годината?

Овен

Оние кои се во врска, на почетокот на годината ќе имаат мали несогласувања со партнерот бидејќи во тој период нема да се чувствувате сјајно во своја кожа. Многу сте незадоволни во врска со случувањата на работа и тоа влијае на вашиот љубовен живот. Внимавајте да не кажете нешто што е навредливо или грубо кон личноста која ја сакате.  Бидете малку попресметливи и потолерантни во љубовта. Крајот на месецот носи кристализирање на ситуацијата и мир и спокој, но мора да истраете.

Ако сте слободни, внимавајте да не ве заведе некој со нерални очекувања. Бевте исполнети со некоја негативна енергија, за која се виновни луѓе од минатото, и за да не се разочарате повторно, мудро бирајте ги своите луѓе во љубовта. Ќе има шанси за заљубување и ќе ги контролирате полесно своите емоции, а ви се смешка стабилна врска само ако сте внимателни и тактични.

Бик

Ве очекува хармоничен период. Смирени сте, не сте под тензија,ниту пак стрес и рационално се однесувате во врската. Сите работи кои ги правите, ќе ги правите паметно и промислено. Саканата личност ќе биде презадоволна од вашиот однос. Само така продолжете.

Ако сте слободни, во текот на целиот месец ќе имате потреба прво да ги задоволите своите потреби, а дури потоа да пробате да најдете сродна душа. Сакате да ги решите незавршените прашања од минатото, пред да се впуштите во следна авантура. Додворувачи не ви недостасуваат, но прво сакате да утврдите што точно сакате.

Близнаци

Присутни се силни емоции и страста се наоѓа на сите страни. Се трудите да ги исправите грешките од минатото и ќе успеете во тоа, до одредено ниво. Сепак, вие не сакате да попуштите во одредени намери, а и другата страна е прилично тврдоглава, па така ќе има бес во вашата врска. Сепак, на крајот на овој зимски месец ќе успеете да ги надминете проблемите и двајцата да попуштите.

Слободните Близнаци веќе некое време пробуваа да бидат во паралелени врски, но забележуваа дека тоа не функционира. Затоа, поголемиот дел ќе одлучат да го прекинат тоа, да ја разбистрат својата глава и да одлучат што сакаат.Ќе утврдите дека веќе не сакате да толерирате незрело и детско однесување.

Рак

Главниот проблем во вашата врска е тоа што зборувате, зборувате и зборувате, а другата страна не стигнува ни збор да прозбори. Важно е да се биде комуникативен, но пуштете ги и другите нешто да кажат. Вашата сакана личност се повлекува во себе, делува незаинтересирано и на моменти дури и тажно, па се сомневате дека можеби постои друга личност. Сепак, главниот проблем лежи во вашето однесување.

Слободните Ракови се заљубуваат и одљубуваат по сто пати на ден. Никако да расчистите со себе и да утврдите што сакате. Наместо тоа, флертувате со сите и штом некој се обиде да ви се доближи, вие се одалечувате.

Лав

Вашиот љубовен живот во текот на јануари ќе биде феноменален. Во врската ви е совршено и постојано блескате од среќа и заљубеност. Многу сте шармантни и постојано расположени и таквата енергија ја пренесувате на сите околу себе, па единствен проблем може да биде љубомората од страна на партнерот. Сепак, вие вистина сте слепи за другите, а вашиот партнер ви е центар на светот.

Ако сте слободни, потрудете се да го промените начинот на кој ги изразувате своите ставови па дури и однесувањето. Нема доволно романтика од ваша страна, ладни сте и дистанцирани и тоа е најголемата причина зошто сте сами.

Девица

Поголем дел од времето вие и партнерот го минувате на работа и затоа се губи блискоста меѓу вас. Повеќе сте другари и познаници, отколку романтични партнери. Не сте незадоволни со партнерот, само сте се одалечиле заради обврските. Но, сепак сите работи можат да се поправат со романтичен викенд каде страста ќе се роди повторно.

Слободните Девици треба да се обидат да пронајдат баланс меѓу романтиката, забавата и практичната страна на животот. Девиците повеќе се грижат за забавата, отколку за љубовта.

Вага

Оние кои се наоѓаат во недефиниран љубовен однос конечно ќе кажат што им лежи на срцето. Ако другата страна се обиде да ве убедува дека се е сјајно, а вие не мислите така, ќе треба да одлучите дали да ја завршите врската или да продолжите понатаму. Бидете храбри и одлучете така како што ви кажува срцето и не плашете се, нова љубов ве чека наскоро.

Ако сте сами, добра вест е дека тоа ќе се смени. Ви доаѓа врска со личност која ќе ја запознаете во некое непланирано излегување или некакво друштво. Таа личност е шармантна и потполно ќе ве освои со своето однесување и манири.

Шкорпија

Ве очекува целосен контраст на љубовно поле. Воздржете се од импулсивните реакции за да не ве одалечат таквите потези од партнерот. Бидете пригодливи и пробајте да ги прифатите нивните чувства. Можеби проблемот е што сте емоционално одалечени, но ако ви значат, потрудете се да го смените тоа.

Слободните Шкорпии ги очекува позитивен раџвој на случувањата и конечно ќе заборават на лудите излегувања кои се случуваат пред новата година. Некоја личност веќе подолго време се бори за вашето внимание, но вие никако да го забележите тоа.

Стрелец

Самиот почеток на годината носи големи промени. Некои Стрелци конечно ќе излезат од врската која долго време ги гушеше и ќе се чувствуваат позитивно поради слободата која ќе ја добијат. Ќе се чувствувате позрели и ќе добиете можност да остварите повеќе работи.

Се чини дека за слободните Стрелци трае потрагата за вистинската личност, но чекањето ќе се исплати бидејќи на крајот на месецот ќе запознаете личност на работа која ќе ве шармира и освои.

Јарец

Скромноста и едноставноста се особните кои ве красат, па саканата личност не може да ви замери ништо бидејќи сте мирни и повлечени и не давате ни најмал повод за љубоморни сцени. Иако ви се чини дека во врската се изгубивте себеси, вистината е дека оставивте партнерот да биде доминантен, а вие се држите на страна. Вам тоа ви одговара и задоволни сте со таквата ситуација.

Ако сте слободни, дајте им до знаење на оние кои ви се допаѓаат, нема потреба за игри и глума. Почетокот на годината е идеален за нова врска, а нема потреба многу да анализирате, туку опуштете се и размислувајте за убавите работи.

Водолија

Ако сте во врска, морате да промените многу во вашето однесување и да се согласите на некои компромиси ако планирате да имате стабилна врска. Себичноста ја уништува врската и треба да заборавите на неа. Така делувате ладно и го одалечувате партнерот од себе.

Ако сте слободни, крајно време е да дозволите некој да ве освои. Долго време изигрувате студена кралица која е невозможно да ја освоите. Бидете чувствителни и кон туѓите чувства и предајте се на убавината на моментите.

Риби

Љубовниот живот ќе биде помалку чуден во јануари и полн со случајности. Ќе ве контактира личност од минатото, дури и оние на кои им го скршивте срцето. Но, нема да дозволите тоа да ја упропасти вашата врска и тоа само повеќе ќе ја зацврсти и стабилизира врската.

Слободните Риби ги очекуваат интересни познанства, а ако одлучите да ги отворите срцето и душата и да покажете дека сте чувствителни и романтични, ќе влезете во врска која ќе се круниса со брак.

Scroll to Top