Велешанецот Тодор Митушевски доби признание од општината Велес за најхуман граѓанин, откако со своето дело им помогнал на оние на кои што најмногу им треба помош.
Имено Тодор одлучил својата пензија од 3600 денари, која едвај ја дочекал, за неговиот 22 годишен работен стаж, да ја донира на оние на кои им е неопходна, односно истата ќе ја дава во хуманитарни цели.
Седум години на работ на сиромаштијата, со пет илјади денари од бирото, велешанецот Тодор Митушевски едвај ја дочекал пензијата. Но, тогаш го пречекал шок. Државата му дала пензија од само 3600 денари за неговиот 22 годишен работен стаж. Имал среќа, се здобил и со пензија од Словенија каде што поминал дел од својот работен век. И решил – македонската пензија додека е жив ќе ја донира на оние на кои им е неопходна.
„Реков јас дека тие пари што ги земам, ќе ги иневстирам кадешто има потреба. Не ми дошло мене до тие 3600 денари.“ – вели Тодор Митушевски – хуманитарец.