Џастин Тимберлејк најави дека на 2 февруари ќе излезе неговиот петти студиски албум Man of The Woods. Албумот е прв албум на Џастин по тој во 2013 година. Во видеото објавено на неговиот инстаграм-профил 36-годишниот Тимберлејк најави дека новиот албум е инспириран од неговото семејство и од неговиот роден град Мемфис. Во видеото се појавуваат и сопругата на Џастин, актерката Џесика Бил, и музичарот и продуцент Фарел Вилијамс.
Само неколку дена по излегувањето на новиот албум, Џастин Тимберлејк ќе пее во шоуто на полувремето на „Супер боул“.
Првиот сингл од новиот албум на Тимберлејк ќе биде објавен утре.