Асанж испрати мистериозна кодирана порака на „Твитер“ на 1 јануари

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, на 1 јануари на „Твитер“ објавил песна од познатата пејачка Миа, Paper Planes, но и чудна кодирана порака, која никој досега не можел да ја одгатне.

Кодот гласел: fb4e568623b 5f8cf7e932 e6ba7eddc0db 9f42a712718f4 88bdc0bf 880dd3.

Многу корисници на социјалните мрежи веднаш протолкувале дека објавата на Асанж на „Твитер“, најверојатно, е хакирана, како и дека тоа е причината поради која неговиот профил на социјалната мрежа за Божик едноставно исчезнал.

Поединци сметаат дека решението на загатката се крие во зборовите на песната бидејќи пејачката во еден момент говорела дека има повеќе информации од КГБ, што го протолкувале како најава дека Асанж и неговиот тим набргу ќе објават нова информација.

Имало и сосема поинакви теории од оние дека Асанж умрел и дека кодот активирал одредена публикација на „Викиликс“, па сѐ до идејата дека Асанж упатил сигнал преку песната за да ѝ соопшти на јавноста дека исчезнал во акција.

Во меѓувреме телевизијата „Раша тудеј“ објавила дека се обидела да стапи во контакт со Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што се наоѓа во моментот, но засега не добила никаков одговор.

 

Scroll to Top