Може да се каже дека лекот за прифаќање на сопственото постоење е размислувањето за работите кои ја чуваат свежината во животот.
Ова видео сигурно ќе ве натера да го преиспитате своето постоење и на еден позитивен начин да илустрирате некои работи за природата.
Научниците велат дека вселената постојано се шири со брзина од околу 68,3 километри во секунда по мегапарск.
Се формираат нови теории за тоа како настанала нашата вселена, но што ќе се случи следно? Ние дури не знаеме дали времето е линеарно. Но, ако времето не е линеарно, физичарите веруваат дека иднината може всушност да влијае на минатото.
Најдалечната сонда која некогаш стигнала во вселената е Војаџер 1, која патувала околу 1,5 милиони километри дневно. По 40 години, леталото едвај го напуштило нашиот Сончев систем.
Само минатиот месец астрономите откриле ултра редок тркалезен кластер, многу поголем од Сонцето, кој би можел да означува раѓање на ѕвездата и да објасни како се формираат галаксиите. Тој бил оддалечен околу 50 милиони светлосни години.
Тоа се прашања кои ја чуваат свежината на животот. Секој пат кога се чувствувате депресивно сè што треба да побарате е нешто интересно за што ќе размислувате на овој начин. Истражувајте и понатаму.
Видете го видеото: