Во 2009 година Сузан Бојл првпат се појави во јавноста со настапот на британското талент шоу Britain’s Got Talent. Веднаш ја нарекоа „очајна домаќинка“. Но, токму тогаш, на 53 години, таа првпат почнала љубовна врска. Бидејќи кариерата ѝ тргнала по нагорна линија, Сузан ја прекинала врската, ама не заради кариерата, туку заради медиумите што ја следеле на секој чекор, а таа не можела да се избори со притисокот и медиумското внимание.
Во шоуто Сузан ја отпеа песната I Dreamed a Dream, полна со самодоверба, без да обрнува внимание на жирито и публиката кои ѝ се смееја. Победи во шоуто и стана инспирација и пример за многу други жени.
Таа во медиумите изјавуваше дека годините се само бројка и дека талентот треба секој да си го цени. По победата пееше за Барак Обама и за британската кралица, па дури и пред Папата.
Денеска Сузан не сака да ја има многу во јавноста. Пее кога сака и кога смета дека со пеењето може да развесели некого или да му помогне.
Се проценува дека нејзиното богатство е 33 милиони долари, иако не е музички активна. За приватноста не зборува, но медиумите во Англија пишуваат дека има нов партнер.