Бизнисменот Милан Поповиќ побарал од социјалните мрежи на сопругот на Северина, Игор Којиќ, да му биде забрането да објавува фотографии од неговиот малолетен син Александар, кои семејството Којиќ ги злоупотребува за промотивни цели.
Синот на Кеба Којиќ, Игор, добил предупредување дека профилот ќе му биде згаснат доколку не ги отстрани фотографиите од синот на хрватската пејачка Северина.
Игор Којиќ често на својот инстаграм-профил објавува фотографии од петгодишното момче на кое јасно се гледа лицето на детето. Во пресрет на Божиќ, Којиќ на профилот објави фотографија на која детето го има јавнат дедо му Кеба. Во јавноста е создадена слика дека малиот Александар празниците ги минува со Којиќ, додека всушност момчето православниот Божиќ го прослави со својот биолошки татко.
„Милан се обрати до ‘Инстаграм’ и набрзо добил одговор во кој оваа социјална мрежа му се заблагодарува со образложение дека тие и самите се борат за заштита на детските права и се противат на секаква злоупотреба. Како и тоа дека проблемот ќе биде решен. ‘Инстаграм’ веднаш му наложил на Игор да ги тргне фотографиите од Александар со предупредување дека ќе му го исклучи налогот доколку продолжи со злоупотребата на малолетното дете“, вели извор близок до двете страни.
Но, Игор од профилот ја отстранил само последната фотографија, додека многу други кои ги има објавено во низа, а на кои лицето на малиот Александар не е заштитено, и понатаму стојат на социјалната мрежа.
Еве го и одговорот како доказ дека тимот од „Инстаграм“ реагирал на пријавата:
„Ви благодариме што контактиравте со ‘Инстаграм’. Го разгледавме проблемот и ја отстранивме пријавената содржина која ја загрозува вашата приватност. Го цениме тоа што ова го имате пријавено и со тоа обезбедивте ‘Инстаграм’ да остане безбедно и забавно место. Бидете сигурни дека ова што сте го пријавиле нема да го дознае личноста чија содржина е во прашање. Ви благодариме“, стои во одговорот на пријавата упатена од социјалната мрежа.