Кои се снаите на кралицата Елизабета?

Членовите на британското кралско семејство мора да водат сметка за своето однесување во јавноста. Тие ја претставуваат својата земја, но и целата британска нација. Одгледани како принцови и принцези веќе од мали знаат на кој начин мора да се движат, облекуваат, говорат и слично. Со оние луѓе што стануваат членови на семејство, со мажење или женење, ситуацијата е нешто поинаква, а ова особено се однесува на двете најпознати снаи во семејството, Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

Кога човек сега ќе ги види, ќе рече дека целиот живот ги минале со семејство со благородно потекло, а многумина како да ги забораваат и нивните модни промашувања од минатото и непримерни однесувања во јавноста.

КЕЈТ МИДЛТОН

Кејт била најстарата невеста во историјата на кралското семејство кога на 29 години се омажила за принцот Вилијам. По новото кралско венчавање, кое треба да се одржи во мај, таа титула ќе ја понесе Меган Меркл.

Војвотката од Кембриџ е кралска снаа со диплома од факултет и една од ретките што не биле со благородно потекло.

Нејзината врска со Вилијам од почетокот била интересна за новинарите, а Кејт не се снаоѓала најдобро со големиот притисок во јавноста.

Пред 10 години била нешто подебелка, а нејзиниот вкус за мода бил далеку од кралски.

Како тинејџерка често позирала без добри фризури, шминка и насмевка, која денеска е нејзиниот заштитен знак.

Годините во кралскиот живот понатаму дале резултат на нејзината линија, но и на начините на кои им позира на фотографиите, а веројатно и Меган ќе ѝ ги открие тајните како бргу да се приспособи на високото друштво.

По 2007 година, кратко раскинала со принцот Вилијам и Кејт, според неофицијалните информации, во тој период често излегувала. На интернет може да се пронајдат многубројни нејзини фотографии од ноќниот провод, во кој очигледно уживала.

Денеска Кејт со принцот Вилијам има две прекрасни деца, добар брак и кралска титула, но малку е познато дека таа во својата младост имала две љубовни врски.

Нејзината голема средношколска љубов бил Вилем Маркс, денеска новинар, а во текот на студирањето излегувала со Руперт Финч, студент по право, но тоа не траело долго.

 

МЕГАН МАРКЛ

Таа во мај ќе се омажи за принцот Хари. Од кога се дознало за нивната врска, медиумите непрекинато пишуваа за тоа и се труделе да откријат што повеќе детали за нејзиниот живот.

 

Она што е особено интересно е тоа што е актерка и поради работата, морала да сними и секси сцени.

Во таква ситуација досега не се нашла ниту една членка на кралското семејство.

Занесната бринета остварила неколку улоги во сериите Castle, The League, Fringe, како и во филмовите Horrible Bosses и Remember Me. Сепак, најпозната е по серијата Suits за која сними неколку провокативни сцени.

Британските таблоиди, по сознанието дека принцот Хари и Меган се во врска, посегнаа по жешките сцени што ги сними во Suits и во јавноста ги обавија најскандалозните детали од животот на Американката.

Најпрвин е откриено дека многу секси сцени, кои актерката ги сними, се омилени меѓу милиони корисници на порностраницата PornHub. И покрај фактот дека актерката никогаш не снимила сцена на која е целосно гола, кадрите од споменатата серија беа доволно жешки да завршат на најпознатата порностраница.

Другата работа која за неа беше особено интересна е тоа што има еден брак зад себе со филмскиот продуцент Тревор Енгелсон (41). Се венчаа во 2011 година на Јамајка, но се разведоа две години подоцна поради непремостливи разлики.

Се запознаа во 2004 година и се забавуваа шест години пред да стапат во брак. Венчавката траеше четири дена. Еден од инсајдерите изјави дека нејзината улога во серијата Suits е виновна за разводот, а со тоа одеше и фактот дека долго време биле раздвоени.

Кога почнал да излегува со принцот Хари, големо внимание привлече и тоа што мајка ѝ е Афроамериканка и што родителите ѝ се развеле кога имала шест години.

Пос разводот на родителите, остана да живее со мајка си.

Scroll to Top