„Син понеделник“- денеска е најдепресивниот ден во годината

И официјално третиот понеделник во јануари е прогласен за „Син понеделник“ (Blue Monday) поточно најдепресивен ден во годината.

Луѓето ширум светот ќе се чувствуваат нерасположено и нема да можат да ја пронајдат „смислата на животот“. Причина за тоа е што повеќето од нас се свесни дека веќе сме успеале да ги прекршиме правила кои сме си ги наметнале во текот на новогодишните празници.

Исто така, свесни сме дека платата нема да ни дојде уште две недели, поради што ќе бидеме дополнително депримирани. Кога сето тоа ќе нè стигне  сфаќаме и дека летото е многу далеку, а со самото тоа и излежувањето на плажа. Погледот низ прозорец ќе ни донесе мрачна слика и дрвја без листови, а доколку е ладно и дува ветер, тоа ќе ни биде причина повеќе да не посакаме да станеме од кревет.

Стручњаците секој година на овој ден стравуваат дека би можел да биде зголемен бројот на самоубиства, и редовно ги советуваат граѓаните што би требало да направат за да се чувствуваат добро

Убави мисли

Иако можеби изгледа невозможно, пронајдете три работи во својот живот на кои треба да се радувате. Психолозите дури советуваат да ги напишете на хартија и истите да ги погледнете секој пат кога ќе почувствувате дека доброто расположение не ви е другар.

Нека оди животот

Денеска поместете ги границите. Доколку сте веќе свесни дека сте прекршиле некои правила кои  сте си ги зацртале, тогаш ништо нема да ви биде ако денес изедете две парчиња торта или прескокнете некоја домашна работа. Некои работи треба да се остават и за утре.

Придвижете се

Доколку сте депресивни, најлошо што можете да направите е да останете сами. Поради тоа, повикајте ги вашите најдобри пријатели, роднини, дечко, девојка…и излезете. Не, немојте да останувате дома и да дискутирате за проблемите. Ве чека кафуле, кино, театар, прошетка…

Scroll to Top