Енрике Иглесијас и Ана Курникова одлучила да ѝ ги покаже на јавноста близнаците Николас и Луси, по што објавиле фотографии со нив на „Инстаграм“.
На фотографиите може да се забележи дека се сликале со по едно од близнаците.
И двајцата во описот напишале „Моето сонце“, без да ги нагласат имињата.
Енрике и Ана се во врска 16 години и отсекогаш се таинствени кога станува збор за приватниот живот, па за нејзината бременост воопшто и не дознавме пред да се породи.
Со оглед на тоа, вистинско чудо e што излегоа од мистериозната зона и ги покажаа дечињата поради кои, секако, се пресреќни.