Сексот со Трамп беше како од учебниците

Неодамна се поајви веста дека американскиот претседател Доналд Трамп во 2006 година имал секс со порно-актерката Стефани Клифорд, која е позната под името Сторми Даниелс. Неговиот адвокат Најкл Кохен наводно ѝ платил чек од 130.000 долари за да молчи за тоа и да не ги изнесе деталите  во јавноста. Тоа било непосредно пред американските претседателски избори во 2016 година. Барем така пишува во текстот што го објавил „Вол стрит журнал“.

Адвокатот на Трамп ги отфрлил тврдењата дека нешто не се случило меѓу споменатата госпоѓа и Трамп. Но, Стефани во 2011 година дала интервју за магазинот „Ин тач“, каде што говорела за средбата со Трамп. Таа во јавноста ги изнела деталите од нивната афера.

Стефани истакнала дека таа и Трамп имале секс во неговата хотелска соба во Невада во 2006 година, четири месеци пред да се породи неговата сопруга Меланија.

Таа истакнува дека ноќта со Трамп изгледала како „вистински учебник за секс“.

 

„Искрено, не знам зошто го направив тоа. Но, се сеќавам дека додека имавме секс му велев: ‘Ве молам, не  обидувајте се да ми платите’“, вели таа.
Тие се запознале на американскиот голф турнир во јули 2006 година, пренесува Unilad.co.uk.
„Се сеќавам дека Трамп се запозна со сите. Продолжи да ме гледа, а потоа игравме голф“, вели таа.
Ѝ се доближил подоцна во салонот на нејзината компанија за која снима филмови за возрасни и ѝ го побарал бројот. Го прифатила повикот за вечера. Во хотелот „Трамп“ лежела на кауч во пижами и гледала телевизија, подоцна вечерале во неговиот апартман, а потоа отишла во бањата малку да се освежи.
„Кога се вратив, тој седеше на креветот и побара да му пријдам. Тогаш почнавме да се бакнуваме“, вели таа.
Кога завршивме, малку зборувавме и тој ми рече дека ќе ме побара, дека мора повторно да ме види, дека сум била неверојатна и дека морам да бидам дел од неговото ријалити шоу „Шегрт“.
Во време кога давала интервју Стефани минала и на полиграфско тестирање. Нејзините наводи ги потврди и нејзиниот пријател Ренди Спирс и поранешниот сопруг Мајкл Моз. Иако овие наводи се отфрлени, сигурно ќе го здрмаат досегашното контроверзно управување со државата на Доналд Трамп.
Scroll to Top