Новата 2018 година започна со уште еден болен и опасен вирален тренд. Привремените вирални хитови често се блесави, но најновото „Tide Pod“ предизвик, на социјалните мрежи може да биде неверојатно опасен.
Алармантниот нов тренд во кој тинејџерите јдат капсули за перење облека и ги објавуваат видеозаписите на Јутјуб, може сериозно да го загрози нивното здравје.
Ваквиот загрижувачки тренд се има раширено на социјалните мрежи на почетокот на оваа година. Тинејџерите снимале како грицкаат детергент во облик на капсула за перење облека, а некои од видеозаписите се прегледани повеќе и од 100.000 пати пред да Јутјуб ги отстрани.
Ако изедете капсула, која содржи етанол, полмер и хидроген пероксид, тоа може сериозно да го наруши вашето здравје.
Канада дури издаде здравствено предупредување за опасностите од јадењето на капсулата за перење облека, напишана специјално за родители на мали деца кои би можеле да ја заменат за храна.
Произведувачот Procter & Camble изјави преку соопштение: „Не се наменети за игра, ни за шега. Безбедноста е работа која мораме да ја сватиме сериозно“.
Од компанијата велат дека доколку детергентот случајно се проголта, треба да се пие вода или млеко, а потоа да се контактира со службата за токсикологија.
Капсулите се одговорни за најмалку десет смртни слуачи, од кои во два случаи се работело за мали деца, а во останатите осум се работело за постари лица со деменција, пренесува CBS.
Здравствениите претставници предупредуваат дека капсулите содржат високи концентрирани токсични содржини, кои можат да предизвикаат повраќање, пролив и потешкотии со дишењето.