Руски научници тврдат дека во езеро на Антарктикот живее огромно суштество на кое му дале име „Организам 4бб“. За истото тврдат дека е многу опасно и дека го парализира пленот со отров.
Владите на двете најмоќни држави во светот, Русија и САД, со децении кријат од јавноста што се крие под мразот на Антарктикот.
Многумина веруваат дека на ова место се наоѓа древна цивилизација, која никогаш не била откриена поради тешките услови за истражување.
Сега, откако руски научници успеаја да го пробијат мразот, делови од Антарктикот се забранети за посета. Русите го пробиле мразот и стигнале до најголемото езеро во светот. Им требале десет години за да стигнат до езерото, а екипа од осуммина научници до него стигнуваат преку инсталиран лифт.