Вонземјанин со очила ја посетил Земјата уште во далечната 1957 година

Беше тоа една убава октомвриска вечер во 1957 година, во Франквили, градче на брегот на Италија, но тука нешто невообичаено ќе се случи. Барем судејќи според вселенскиот експерт и социолог кој тврди дека видел вонземјанин кој носел нешто кое личело на очила со цел да ги сокрие очите.

Суштеството слетало со својот вселенски брод и пуштило двајца мештани да влезат внатре.

Доктор Роберто Пиноти (73) навел дека суштеството многу наликувало на луѓето, и всушност често ја посетува Земјата и дури позирало за фотграфирање. Според неговите зборови, тие само сакале да се спријателат. Серијата фотографии од кои човек може да се наежи, се премногу „зрнести“, пишува во неговата нова книга „UFO contacts in Intaly“.

Авторот тврди дека има фотографии од внатрешноста на вонземјанското летало, како и од суштеството кое не е од оваа планета. Леталото има пречник од 24 метри, а самата кабина имала 10 метри, тврди доктор Пиноти, кој е основач на италијанскиот Национален УФО центар.

Тој во една своја изјава вели:

„Овие ретки и исклучително фотографии, како и две фотографии од наводноиот вонземјански полот, се објавени овде за прв пат“.

Според зборовите на Филип Ментла, поранешен директор во британската УФО асоцијација, треба да имаме отворн ум, но и да бидеме скептично врзани за ваквите и слични тврдења.

„Најлесно е да се каже дека нешто е измама или лага, без никаква истрага“.

 

 

Scroll to Top