Веќе неколку години Бруно Марс е еден од најпопуларните и најплатени светски пејачи, а тоа што ова момче од Хаваи најмногу го мрази е што постојано го прашуваат колку е висок.
Да, Бруно не е баш надарен со висина, а тоа јасно се гледа, особено кога пред него ќе застане некој како Тејлор Свифт, која го „шие“ за 13 сантиметри, и тоа без потпетици.
Според официјалните податоци, Марс е висок 165 сантиметри, иако некои сајтови наведуваат дека пејачот достигнал само 162,6 сантиметри.
„Прекинете да ме нарекувате ‘куси’. Не сум јас џуџе, по ѓаволите. Ок, висок сум 165 сантиметри, но во моите очи имам 190 сантиметри. Уморен сум од прашањата за висината. Знам дека сум низок, и со тоа морам да живеам. Затоа и носам капа, за да изгледам повисок“, изјави Бруно.