Бреговиќ за војната во БиХ: Во кого требаше да се пука, во мојата сопруга муслиманка?

Горан Бреговиќ отворено зборувал за конфликтите во минатото и одбил да се декларира како православен или католик.

„Сè она што денес го гледаме во Европа прво го видовме во Сараево. Соседот, кој денес ви бил добар сосед, утре пука во вас бидејќи сте друга вера“ – рекол Бреговиќ за француската новинска агенција АФП.

Кога Југославија се распаднала, Бреговиќ одбил да заземе страна.

„Мојот татко е хрватски католик, мајка ми е православна Србинка, а мојата сопруга е муслиманка. Во кого требаше да се пука? Во семејството на мојата сопруга? Во мојот татко? Или во мојата мајка? Никого не мразев. Само бев тажен“,  рекол тој.

Сепак, истакнува дека е среќен бидејќи неговите ќерки имаат француско државјанство и живеат во Франција, за која вели дека е нормална земја во која не мора секогаш да се војува.

Scroll to Top