Адвокатите на Џим Кери докажаа дека актерот не е виновен за смртта на поранешната девојка Катрион Вајт. Таа се самоуби во 2015 година, а нејзините родители тврделе дека актерот е виновен за нејзиното самоубиство. Според нив, тој ѝ набавувал лекови без рецепти, ѝ пренел сексуално преносливи болести и ѝ давал кокаин.
Џим Кери нема да оди на суд, бидејќи е ослободен од сите обвинувања.
„Господинот Кери е радосен што конечно ќе може да продолжи со својот живот“, изјавил адвокатот на актерот, Рејмонд Баучер.