Пејачот Аца Лукас и новинарот Бранислав Симиќ утрово вербално се конфронтираа во утринската програма околу правата на хомосексуалците, каде новинарот му замери на пејачот поради изјавата која ја даде за геј-популацијата.
Имено, новинарот во текот на бурната расправа инсистираше на тоа, Лукас изјавил дека не е нормално „на улица да се гледа како две девојки се бакнуваат“, а пејачот му одговори на тоа дека тоа никоташ не го рекол, и дека новинарот не се подготвил и дека само зборува на празно.
„Господине Симиќ, не знам што сум и погрешил на геј популацијата, и дојдов да ми кажат каде е тука мојот говор на омраза, и не ми рековте ништо освен тоа дека само сум имал говор на омраза. Господине Симиќ, без оглед дали сте геј, хетеро, дали сте вработен, вие сте неписмен, вие на некого сте му го одземале работното место, вие сте за потсмев. Јас не знам со што вие се заниамавате, не знаете ни да говорите како што треба. Ова нема врска со геј-популацијата“, изјави Лукас.
На тоа новинарот му одговори: „Ви ја сваќам поентата, тоа не беше добро, така да не е проблем“, изјави Бранислав Симиќ, по што пејачот Лукас се насмеа и рече „фала, фала!“.