(ВИДЕО) Лажни порноклипови од најпопуларните актерки

На интернет во последен период кружат порнофилмови во кои главните улоги ги имаат најпознатите глумици и пејачки на денешницата, меѓутоа тоа се всушност убедливи фотомонтажи.

Еден од најпопуларните примери е оној со кој популарната актерка Гал Гадот има односи со својот полубрат.

Се разбира, на сите им е јасно дека нешто не е во ред бидејќи таква вест медиумите не би испуштиле. Нејзиното лице е релативно уверливо ставено на телото на порноактерка.

Се работи за видео направено со помош на алгоритам за машинско учење, а ваквите видеа се викаат deepfakes (според псевдонимот на анонимниот творец) и има огромен број на интернет.

Апликацијата FakeApp, која корисниците на Reddit ја користат за креирање на овие снимки, е прилично едноставна за тие што ја познаваат основата на овие алгоритми.

Иако на прв поглед монтажата изгеда убедливо, секој што детаљно ќе почне да го разгледува видеото, бргу ќе сфати дека се работи за монтажа.

Scroll to Top