„Ти имаш многу поголема моќ отколку што мислиш, и тие се плашат дека еден ден ќе го откриеш тоа“.
Сè повеќе и повеќе слушаме дека мораме да направиме реформи во нашите образовни системи и дека императивот се големите реформи.
НАСА, која има водечка светска вселенска програма и некои од најсјајните луѓе на планетата, контактирала со доктор Џорџ Ланд и Бет Џарман со цел да развие специјализиран вид тест кој ќе им даде можност ефективно да ги измерат креативните потенцијали на своите ракетни научници и инженери.
Како резултат на тоа, двоецот развил необичен тест, вкоренет во процесот на дивергентното мислење кое има способност да се сконцентрира на одреден проблем и да предложи повеќе решенија.
НАСА била задоволна од ефективноста на резултатите, па целиот тест се покажал како голем успех. Но, Ланд и Јарман, кои очигледно го истражувале поимот креативност до детали додека го изработувале овој тест, одлучиле подобро да истражат и да се обидат да го разберат вистинскиот извор на креативноста. Дали станува збор за генетско наследство? Резултатот од животното искуство? Или нешто друго?
Тестот на доктор Ланд и Јарман, кој е создаден за НАСА, бил многу едноставен, може да се примени на која било група во општеството. Направиле и дополнително истражување кај 1600 деца на возраст меѓу 4 и 5 години, и одлучиле да го мерат нивниот напредок. Тоа што го откриле ги шокирало.
Од 1600 деца кои го минале тестот, 98% постигнале генијални резултати! Возбуден од добиените неверојатни резултати, тимот одлучил да го изведе овој тест низ лонгитудинално истражување и да им го даде на децата истиот тест повторно, но по пет години.
Повторно нивното откритие било шокантно, но овој пат поради различни, односно целосно спротивни причини. Истите деца сега биле во основно училиште, нивниот успех на тестот паднал на само 30%, што е намалување од 68%! Истата студија е спроведена повторно за пет години на истата група деца, која тогаш била во средно училиште и нивниот успех на тестот паднал на само 12%!
Вознемирен, но сè уште заинтригиран со оваа фасцинантна студија, доктор Ланд одлучил да го изведе истиот тест на возрасни лица на возраст од 25 па и постари лица (со просечна возраст од 31 година). По бројните истражувања тој открил дека само 2% од возрасните постигнале резултати на ниво на гениј. А за оние кои ги довеле во прашање целовитоста на тие резултати, или мислат дека ова би можело да бидат изолирани случаи, овие резултати всушност биле реплицирани повеќе од милион пати!
Импликациите на овие длабоки студии се јасни сами по себе. Во нас е вроден потенцијал на креативен гениј, но штом влеземе во школскиот систем, драматично заглупуваме.
Образложението за тоа е дека училиштето е институција што е темелно поставена за да служи на потребите и желбите на владејачката класа, а не на обичните луѓе. Било да се работи за време на древна Спарта, германска Пруска или модерен индустриски американски систем на образование, тој секогаш служел како „законско“ средство за масовна индоктринација.
Децата претставуваат најголема закана за корумпираниот систем. Нивните врвни имагинации се така интензивни и извонредни што доколку се пуштат да се развијат, тие можат да прераснат во креативна револуција која конечно ќе ги загрози владејачките класи и нивните деловни партии кои функционираат како монопол.
За таканаречената елита да го задржи својот стил на живот во прекумерен луксуз, за кој најмалку придонесува, но најмногу ужива, тие мораат да им ги перат мозоците на децата за да го прифатат, па дури и да му служат на нивниот грабежлив систем на вештачки недостиг, бескрајно искористување и непрекинато војување.