„Се држам“, напишал српскиот актер Небојша Глоговац на 8 декември на популарната социјална мрежа, со прикладна илустрација.
Српскиот актер почина на 48-годишна возраст. Тој кон крајот на јануари беше итно примен во болница и тогаш беше соопштено дека неговата здравствена состојба е сериозна.
Веќе две децении беше еден од најдобрите актери во Србија, а глумеше во многу филмови, меѓу кои и „До коска“, „Буре барут“, Кога ќе пораснам ќе бидат кенгур“, „Ќе се вратат штрковите“ и многу други.
Глоговац, кој трагично почина од рак на белите дробови, пред помалку од два месеци испрати силна порака преку Инстаграм.