Холивудската ѕвезда Камерон Дијаз (45) конечно е во блажена состојба, пренесуваат светските медиуми. Иако со години наназад изјавувала дека не сака да се оствари во улогата на мајка, поради што била и осудувана во јавноста, Камерон Дијаз овие две години, судејќи според се, ќе добие бебе со својот сопруг, рокерот Бенџиј Маден.
Двојката се венчаше во јануари 2015 година, а еве и како Камерон изгледа во широк фустан низ улиците на Лос Анџелес, а според многумина на истата ги потврдила гласините дека е во блажена состојба.