Тетовчанката Снеже Радичевска со спотот за песната „На сред село, чешма шарена“, го најавува првиот солистички албум. Спотот е снимен на неколку локации за вистински да се долови суштината на песната.
„Спотот се снимаше во Лешочкиот манастир и во селото Беловиште, тетовско. Се надевам дека ќе предизвика убави коментари кај публиката. Песната со која го најавуваме албумот е сосем случајно избрана за прва да биде промовирана. Сите песни ми се посебно драги“, вели Снеже.
На албумот „Желбо моја“, на кој Снеже работеше долго време, ќе се најдат девет новокомпонирани песни со фолк, етно и поп фолк мотиви. Поголемиот дел од нив се работени во студиото „Гранд“ заедно со Далибор Ѓошиќ. На албумот како соработници се јавуваат и Дејан Момировски, Борче Нечовски, Љупчо Павлоски, Љупче Василев…
Наскоро Снеже тргнува на турнеја надвор од Македонија. Таа заедно со Далибор Ѓошиќ ќе настапува во Шведска, Данска, Австралија и Америка.