Една од најмладите баби во Британија е 36-годишната Кери Хилтон. Оваа кик-боксерка ја има 18-годишна ќерка Кларис. Кларис, пак, минатата година ја родила ќерката Џесика.
Кери, која работи како менаџер за продажба во Болтон, секојдневно вежба кик-бокс и на тој начин ја одржува фигурата. Таа често позајмува облека од својата ќерка. Вели дека на луѓето што не ги познаваат понекогаш им велат дека се сестри.
Кери вложила околу 13.000 фунти во својот изглед. Таа признава дека дава многу пари за козметички препарати за подмладување. Не крие ни дека ги зголемила градите и дека скапо ја платила екстензијата на косата.
„Кога одиме заедно во фитнес центар, а Кларис ќе рече ‘мамо’, луѓето нè гледаат со неверување“, раскажала Кери за британскиот „Сан“.
Таа додала дека не ѝ пречи кога ја нарекуваат најсекси баба во Британија, напротив, дека ѝ годи оваа неофицијална титула што ѝ ја доделиле медиумите кога пишуваат за неа.