Небојша Глоговац почина на 9 февруари на 49-годишна возраст, а со фактот дека го нема повеќе не можат да се помират голем број од неговите обожаватели, ниту тие што го виделе, а особено тие коишто имале чест да го познаваат и да минат некое време со него.
Една од причините поради кои Небојша ќе остане незаменлив е неговата сјајна смисла за хумор, која често ја фалеле неговите бројни колеги. Начинот на кој тој зборувал бил неодолив, а доказ за тоа е исечокот од емисијата „По улицата Балканска“, каде што Небојша раскажал за моментите што ги минал во породилиштето кога станал татко.
„За Гаврил беше многу, многу весело. Јас земав некои шишиња во автомобилот затоа што знаев дека треба да се случи. Игравме претстава ‘Полонеза Огински’. Во 22:00 часот стигна подарокот, тој се роди во 22:20. Бевме прво во клуб, а потоа отидов во болница. Забележав една жена на прозорецот, како гледа надоле. Но, тоа не беше таа. Имаше иста фризура како Мина, иста силуета како неа. Ние стигнавме, средивме да нè пуштат, беше ноќ, некаде околу 1 часот. Ја видов и ѝ велам ‘Мина, љубов моја!’ (се смее). Јас навидум врескам, а на целиот мој излив на нежности, жената не се поместува! Прво што ми помина низ глава беше нешто за што имав прочитано, дека жените по породувањето поради болката што ја преживуваат ги мразат мажите како причина за таа болка, на некое потсвесно ниво. Си реков: ‘Тоа е. Еве, ме мрази! ‘(се смее)“, вели Небојша.
„Пробувам уште еднаш. Гледам жената не се поместува и сфаќам дека тоа не е таа! (се смее). Ме внесоа внатре. Ми го донесоа детето! Малиот Гаврило има горна уста иста како мојата, велам: ‘Мој е!’ (се смее). ‘Сакате да ја видите сопругата?’, ‘Се разбира!’. Одиме по ходникот, мрак е, влегувам во една од собите десно. Сестрата доаѓа до креветот и вели: ‘Вашата сопруга’, а таа беше пријавена на породувањето како Мина Митровиќ. И јас вака…“, објаснува Глоговац покажувајќи како тргнал да ја прегрне. „Ова не е мојата жена!“, продолжи и повторно се насмеа до солзи.
„Таа вели: ‘Јао, па немојте така, жената се породи… Немојте така да се шегувате’. Јас им велам: ‘Не е бре шега, воопшто. Не е мојата жена. Што бараме ние овде?’, а жената во кревет потпрена на лакт вели: ‘Јас не сум Мина Митровиќ, јас сум Тина Митровиќ’ и настанал целосен хаос, на што јас им велам: ‘Па дали е ова моето дете?! (се смее)“, објаснува Небојша.