Јогурт за диета и за рамен стомак

Јогуртот содржи протеини кои ја зголемуваат силата, како и калциум, кој ги зајакнува коските. Чашка јогурт дневно ве држи подалеку од докторите, но тој има и уште една многу важна функција, помага во губењето на вишокот килограми.

Здравата храна обезбедува поголема отпорност кон болестите, а со редовно внесување ферментирани производи кои содржат пробиотици може да се воспостави правилна работа на организмот, а со самото тоа ќе се избегне и проблемот со дебелината, кој последните неколку години ги погодува сите жители ширум светот.

Јогуртот со пробоиотици е најдобар начин преку уживање во вкусот на омилената храна да го забрзате својот метаболизам.

Јогурт за рамен стомак

Само 500 грама јогурт дневно може да ви помогне да ги облечете омилените панталони. Луѓето кои во текот на својата диета секојдневно консумирале јогурт со умерена рестрикција на калории, загубиле 22 отсто повеќе килограми. И не само тоа, имале за 81 отсто порамен стомак од луѓето кои не консумирале јогурт за време на диета, покажале резултати од истражување на Универзитет во Тенеси. Мастите кои ни отежнуваат да имаме рамен стомак се главен произведувач на кортизол, хормон на стрес кој прави да се прејадуваме. Штом ќе се напиете чашка јогурт, калциумот сигнализира мастите да почнат со исфрлување на кортизол, со што се олеснува губењето килограми.

За добра метаболизам

Функционалниот јогурт содржи пробиотици, корисни бактерии кои живеат во дигестивниот тракт и кои помагаат во гушењето на штетни микроорганизми, кои можат да предизвикаат бројни инфекции на цревата. Покрај тоа што го зајакнува имунитетот, јогуртот го регулира и варењето, што е од клучно значење за губењето килограми и за активен метаболизам.

 

За по вежбање

Со идеален однос на протеини и јаглен хидрати, јогуртот е одлична храна што би требало да ја консумирате по тренинг. Совршено време за консумирање  јогурт е во рок од 60 минути по вежбање. Зошто е тоа така? Протеините обезбедуваат аминокиселини кои мускулите мораат да ги надоместат, а јаглен хидратите ги заменуваат резервите на енергија кои се исцрпени по напорен тренинг. Исто така, протеините во јогуртот ја зголемуваат количината  вода што  ја апсорбираат цревата, на тој начин подобрувајќи ја хидратацијата.

Scroll to Top