Британската актерка Елизабет Харли на својот инстаграм-профил објави полугола фотографија. Таа преку фотографијата промовира една од наметките од нејзината најнова линија костими за капење.
„Селфи во бањата со мојата нова облека“, напиша 52-годишната актерка покрај фотографијата.
Харли на фотографијата го покажа својот рамен стомак.
Таа во моментов е на летување од каде што објавува разголени фотографии во бикини.