Рита Ора ќе пее на Косово за Денот на независноста

По повод десетгодишнината од самопрогласување независност на Косово, пејачката со албанско потекло Рита Ора подготвува специјално изненадување за своите сограѓани.

Рита, која е родена во Приштина, на социјалните мрежи објави дека ќе присуствува на одбележување на десетгодишнината од самоопределувањето на Република Косово.

„Многу сум возбудена што ќе ви се приклучам на Косово на прославата на 10-годишната независност на 17 февруари. За да го обележам ова празнување, дизајнирав и дуксер, па сите ќе имате спомен од ноќта што  ќе ја минеме заедно. Се гледаме наскоро“, напиша таа.

 

Scroll to Top