Српската пејачка Мина Костиќ, која пеела на свадбата на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, откри дека Карлеуша ја навредила со еден од своите коментари.
„Се сеќавам дека ја пеев песната ‘Данас мајко жениш свога сина’, а таа дојде и ми рече: ‘Леле немој таа селска те молам’. Ѝ реков дека морам, таков беше договорот“, раскажала Мина во емисијата „Гламур“.
Карлеуша и Тошиќ се венчаа на 28 јуни 2008 година во градината на хотелот во Ковилово. Карлеуша сама ја дизајнирала венчаницата. Уште тогаш се шпекулираше дека свадбата чинела дури 100.000 евра.