„Б92“ објави дека на почетокот на март ќе почне да се снима документарен филм за бомбардирањето на СРЈ во 1999 година. Снимањето ќе се одвива на преку 100 локации на Балканот, а продуцентот Немања Недељковиќ би сакал во филмот да се појават и Никита Михалков и Џони Деп. Преговорите со нив се во тек.
Филмот ќе биде преведен на осум јазици, а премиерата во Србија е закажана за 24 март 2019 година. Планирано е филмот да се прикажува ширум светот. Тоа нема да биде класичен документарец со факти и сведоци, туку „приказна со повеќе слоеви“.
„Сè уште се преговара, но некои од лицата што би сакале да ги видиме во овој филм се Џони Деп и режисерот Никита Михалков, да го изнесат својот личен став“, рекол Недељковиќ.