Стефан Џуриќ Раста и Ана Николиќ неодамна ја изненадија јавноста со бакнеж пред 12.000 публика во преполната арена „Борис Трајковски“ во Скопје со што докажаа дека повторно се заедно.
По концертот, каде што се бакнаа на бината, и двајцата излегоа од лифт држејќи се за рака. Веројатно врската меѓу Раста и Ана добила поинаков тек.
На прашањето на новинарите дали се сместени во иста хотелска соба, раперот прилично се збунил.
„Да, не, па да… (се смее). Тука каде што сме заедно се разбира дека сме во иста соба“, изјавил Раста.
А бидејќи за нивниот развод се пишуваше со месеци, многумина сметаат дека тоа било само еден вид маркетиншки трик.
„На моменти бевме раздвоени. Можеби само сметавме дека во тој момент тоа е добро. Ова беа некои вонредни околности, постојано бевме под рефлекторите на медиумите, мислам дека тоа го надминавме“, изјави Раста во емисијата „Ексклузив“.
„Ние постојано се гледавме и бевме секако заедно“, додаде раперот.
Видете како изгледаше нивниот бакнеж во салата во Скопје: