Холивудскиот заводник Ричард Гир (68) и неговата девојка Алехандра Силва се снимени како уживаат во романтични моменти во Франција.
Легендарниот „офицер и џентлмен“ ја изнел својата девојка на ручек во еден од елитните ресторани за заедно да го прослават нејзиниот 35. роденден, а по тоа отишле на романтична прошетка.
Изгледале среќно и опуштено додека ги разгледувале локалните продавници и излози, а потоа дури направиле и селфи.
Нешто подоцна истата вечер Ричард и Алехандра се видени на аеродром како се качуваат на авион.