Пештера пронајдена во близина на антички храм во денешна Турција е наречена Портите на пеколот затоа што секое животно што се приближило до истата умрело од необјасниви причини.
Пештерата се наоѓа во рушевините на античкиот град Хиераполис, а во древните времиња се користела за принесување жртви на подземниот бог Плутон. Кога ќе приложеле бик или коза до таинствената пештера, тие умирале, но свештениците кои ги донеле преживувале. Луѓето кои премногу ќе ѝ се доближеле исто така умирале, пишува UNILAD.
„Пештерата е полна со магла, која е толку густа и таинствена што едвај се гледа тлото. Секое животно што ќе влезе во неа веднаш умира. Ако пуштиш внатре врапче, во истиот момент ќе падне мртво“, напиша старогрчкиот историчар Страбо. Во тоа време се верувало дека животните биле убиени од смртоносниот Плутонов здив.
Археолозите кои го истражувале Хиераполис и самите се убедени во неговите смртоносни својства бидејќи виделе птици кои умираат штом ќе влезат во пештерата.