Велшанецот Гвилим Пух во еден момент од животот имал дури 127 килограми. За пет години изгубил 40 килограми и почнал да работи како манекен. Тој е дури ангажиран и во модната кампања за брендот на Бекам.
По совет на својот бербер, го променил животот. Берберот го наговорил да пушти брада, а токму таа го направила познат во светот.
„Тогаш имав вишок килограми, работев по 12 часа дневно, имав проблеми и со повреди и не можев да тренирам“, раскажал Пух.
Тој и неговите пријатели основале фолк-бенд, а берберот го советувал да пушти брада. Потоа почнал диета, а најголемата промена во животот му се случила кога ја напуштил канцелариската работа.
„Најдобра работа за моето здравје беше што прекинав да седам девет до десет часа дневно“, вели Гвилим.