Зрела сум и знам што сакам од животот

Водителката Елена Стефановска го прослави 36. роденден. Со блиски луѓе, во интимен амбиент во еден скопски ресторан, таа ги дувна свеќичките на роденденската торта.

„Моите најблиски луѓе прво ми посакаа добро здравје, ама и да останам позитивна како до сега. За себе си посакав неколку желби кои не би сакала да ги откријам за што побрзо да ми се исполнат. За мои 36 години се чувствувам како никогаш до сега. Зрела сум и точно знам што сакам од животот“, рече Елена за „Репортер“.

Таа додаде дека на роденденот си ветила неколку работи и ќе се обиде да остане доследна на ветеното.

„Си ветив дека и понатаму ќе учам во животот, ќе се усовршувам, ќе се негувам затоа што годините ништо не ми можат. Како што се вели – годините се само бројка“, раскажа таа.

(А.Ј)

Scroll to Top